21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПриштина се повлече во случајот со „Трепча“

Приштина се повлече во случајот со „Трепча“

xaxa

Владата на Косово одлучи од собраниска процедура да ги повлече измените од Законот за јавни претпријатија, што денеска требаше да го разгледува Собранието на Косово, и да донесе посебен закон за комбинатот „Трепча“, јави РТС.

Косовската Влада соопшти дека измените на Законот за јавни претпријатија се повлечени поради фактот дека во нив не се прецизно дефинирани роковите за обврските кои „Трепча“ ги има кон кредиторите.

На седницата на косовската Влада е одлучено да се изработи посебен закон за „Трепча“, во кој би биле прецизирани сите прашања битни за фирмата која е една од најзначаните економски фактори на Косово.

На седницата на Владата присуствуваа и претставници на Српската листа во Владата на Косово и се согласија со одлуката да се повлечат измените на законот.

Претходно, порталот Коха.нет објкави дека премиерот на Косово Иса Мустафа одлучил да ги повлече од собраниска процедура измените на Законот за јавни претпријатија и да се подготви посебен закон за „Трепча“.

Според порталот, повод за таквата одлука било тоа што во новиот закон за јавни претпријатија не е предвиден начинот за измирување на обврските од 1,4 милијарди евра, кои според проценките, ги има „Трепча“.

Порталот наведе дека одлуката донесена синоќа по разговори кои Мустафа заедно со заменик премиерот Хашим Тачи и министерот за правда Хајредин Кучи, ги имал со амбасадорите на западни земји.

Работници на „Трепча“ од северот на Косово одржаа денеска протести во општините Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ поради намерите на косовската Влада таа компанија да ја претвори во јавно претпријатие.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП