2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбама: Зголемување на даноците за најбогатите

Обама: Зголемување на даноците за најбогатите

obam

Американскиот претседател Барак Обама сака да ја подигне даночната стапка за најбогатите Американци и големите финансиски компании, за да ја зајакне средната класа.

Предлозите, изнесени на прес­конференција во Белата куќа, веројатно нема да бидат одобрени од Конгресот, што го контролираат републиканците.

Обама ќе ги изнесе предлозите во вторник, за време на годишниот говор.

Американскиот претседател укажува дека сака да обезбеди богатите да го платат својот фер дел од даноците за затворање на дупките во даночниот закон, кои овозможуваат стотици милијарди долари да не одат во даночните фондови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП