27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈанакиески: Поефикасно решавање на предметите за легализација

Јанакиески: Поефикасно решавање на предметите за легализација

mile

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска при посета на Неготино побара поголема ефикасност за решавање на предметите за легализација.

При доделување решенија за легализација на бесправно изградени објекти Јанкиески до жителите на Неготино упати апел да го почитуваат крајниот рок за доставување на потребната документација за легализацијата на крајот на годинава.

Целта, според него, е да бидат решени што е можно поголем број предмети и да се излезе во пресрет на граѓаните кои се засегнати со овој проблем.

Јанакиески во Неготино го означи завршувањето на изградбата на фекалниот канализационен систем, колекторски систем со два крака од канализацијата во неготинското село Тремник. Системот е изграден со средства од Европската инвестициска банка преку Министерството за транспорт и врски во висина од 13 милиони денари. Сега целото село е покриено со канализационен систем и колектор за отпадни води. Изградбата на овој систем со причистителна станица почна март минатата година. ­

-Еве денес после 9 месеци повторно сме тука да означиме крај на еден успешен проект. Овој проект опфаќа изградба на два крака од канализациониот систем, изградба на колекторски систем од околу 2.5 километри, пречистителна станица. Значи станува збор за современ систем на канализациона мрежа. Останува во наредниот период граѓаните во соработка со јавното комунално претпријатие да започнат да се приклучуваат на канализационата мрежа, изјави Јанакиески.

Тој најави и изградба на нов водоводен систем за жителие на Пепелиште, заеднички проект на општината и Министерството, за што се очекува почеток на градежните работи годинава. ­

Ова се два проекти кои имаат цел подобрување на инфраструктурата во населените места, нагласи Јанакиевски.

Според него, 80 млади од ова село се веќе вработени во фабриката на Дрекслмаер со седиште во Кавадарци.

Тоа покажува дека странските инвестиции се одличен чекор за опстојување и вработување на голем број на млади луѓе од овој регион и од целата држава, рече Јанакиески.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП