22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Германија најниска во последните пет години

Инфлацијата во Германија најниска во последните пет години

inflacijacenigermanija5e4f4f4ew4

Инфлацијата во Германија, најголемата европска економија, забави на само 0,2 проценти во декември минатата година и тоа е најниското ниво во последните пет години, во однос на просекот од 0,9 проценти во цела 2014 година, покажаа денес официјалните податоци во Берлин.

Конечните податоци на германскиот Завод за статистика ги потврдија прелиминарните, а инфлацијата забави во однос на 0,6 проценти забележани во ноември, пренесува агенцијата Франс прес.

Инфлацијата во Германија последен пат беше 0,2 проценти во октомври 2009 година.

Според хармонизираниот индекс на потрошувачките цени, кој како мерило за инфлацијата го користи Европската централна банка (ЕЦБ), инфлацијата во Германија во декември изнесуваше 0,1 проценти, што е значително под целта на ЕЦБ од блиску два проценти.

Хронично ниската инфлација во европската монетарна унија ја поттикна загриженоста дека регионот ќе потоне во дефлација, која ја кочи економската активност и води до затворање на работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП