21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОАдидас го притиска Меси да оди во Англија!

Адидас го притиска Меси да оди во Англија!

mesi adidas

„Адидас“ ќе стори се за да се дојде до трансфер на Лионел Меси во англиски клуб, информира мадридскиот весник „АС“. Германскиот концерн за спортска опрема направил истражување, според кое 70% од луѓето го поврзуваат Меси со големиот конкурент „Најк“ кој е спонзор на Барселона.

Јужноамериканецот постигнал далеку повеќе успеси со „каталонците“, отколку со репрезентацијата на Аргентина, кој ја ги носи дресовите на „Адидас“.

Германската компанија ќе се обиде да стори се што е во нивна моќ за да го види Меси не само со свои копачките, но и во свој тим. Така реалните варијанти пред него се Челзи и Манчестер Јунајтед. Другите два се Баерн Минхен и Реал Мадрид.

Уште пред некое време се појавија гласини дека од „Адидас“ се подготвени да дадат околу 100 милиони евра за трансфер на Меси во Баерн, кој е воден од неговиот поранешен тренер во Барса, Пеп Гвардиола.

Концернот има директен интерес од просперитетот на „баварците“, бидејќи е еден од главните акционери во клубот. Политиката на Баерн, сепак исклучува слични трансфери.

Со оглед на статусот на Меси на стадионот „Камп Ноу“, преминување во крвниот непријател, Реал, изгледа невозможно. Аргентинецот, сепак е поврзуван со Челзи, особено откако почна да ги следи „сините“ на социјалните мрежи.

Манчестер Јунајтед, пак ќе се снабдува со опрема од германската компанија од следната сезона и со оглед на проектот на Луис ван Гал, шансите Меси да ги избере „црвените ѓаволи“, постојат. Таму игра неговиот близок пријател од националниот тим Анхел Ди Марија, кого Меси го стави на првото место во борбата за Златната топка.

Има уште една опција, се вели уште во информацијата: Барса да раскине со „Најк“ и да го избере „Адидас“. Интересно е дека американската фирма ги облекува „каталонците“ од 1998-ма година па наваму.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП