5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРекордер во растот на продажбата за 2014-та година е... (фото)

Рекордер во растот на продажбата за 2014-та година е… (фото)

masser
„Maserati“ може да се пофали дека имал исклучително успешна година со оглед на тоа, дека овој производител во 2014-та година ја големил продажбата на автомобили за дури 136 проценти на годишно ниво.

Италијанскиот производител на луксузни спортски автомобили во изминативе 12 месеци има испорачано 36.500 возила, со што двојно ја зголеми својата продажба во однос на 2013-та.

Интересен е и податокот дека „Maserati“ во годината која е зад нас, има продадено скоро 6 пати повеќе автомобили во однос со 2012-та.

masser1

Најголем „виновник“ за вака добрите резултати е лимузината „Ghibli“ која во 2014-та е продадена во 23.500 примероци.

За „Maserati Quattroporte“ се одлучиле 9.700 купувачи ширум светот, додека вкупната продажба на моделите „GranTurismo“ и „GranCabrio“ достигна 3.500 возила.

Вестите за добрите продажни резултати пристигнуваа од сите главни пазари на „Maserati“.

Во САД се испорачани 14.690 aвтомобили, или 110 oтсто повеќе од 2013-та година. На вториот најголем пазар, во Кина, „Maserati“ има продадено 6.360 единици со рекорден скок од 153% во споредба со претходната година.

masser2

Компанијата на азиско-пацифичкиот регион (без Кина) пласирала 4.000 aвтомобили со раст на продажбата од дури 206%, a голем скок е забележан и на Блискиот исток каде се продадени 2.050 возила (+144%).

Нов раст на продажбата на „Maserati“ се очекува и во 2015-та, кога ќе биде лансиран кросоверот „Levante“. Со овој нов модел се верува дека компанијата ќе го исполни годишниот план за продажба на 50.000 aвтомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП