13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраина моли за пари

Украина моли за пари

ukraina1sdfdsdsfdsgdgdgdg

Украина има потреба од „финансиска мобилизација“ и дополнителна помош од своите странски партнери за да ја надмине економската криза во која се најде.

Тоа го изјави украинската министерка за финансии Наталија Јарескo.

Економистите сметаат дека Украина би можела да биде принудена на големо реструктуирање на долгот, доколку нејзините меѓународни донатори не ја консолидираат постоечката понуда за позајмица за да се пополни финансиската дупка проценета на 15 милијарди долари, пренеусва Ројтерс.

Јареско пред парламентот нагласи дека нејзината земја ги исполнила сите обврски кои се однесуваат на државниот долг, истакнувајќи дека на Украина и е потребна финансиска поддршка од нејзините пријатели и партнери, нагласувајќи дека станува збор за позајмици, а не за подароци.

„И покрај информативната кампања за наводната несолвентност на Украина, тврдам дека Украина ги почитува сите аспекти од своите надворешни финансиски обврски“, истакна Јареско.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП