9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦветков на министерски форум во Берлин

Цветков на министерски форум во Берлин

cvetkov 38

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска во Берлин ќе учествува на министерскиот форум „Растечката потреба од храна, енергија и суровина: предизвици за одржливо земјоделство и обезбедување доволни количини на храна“.

На форумот учествуваат 70 министри и заменици­министри за земјоделството, како и претставници од земјоделскиот и прехранбениот сектор. Заклучоците од форумот ќе бидат земени предвид во меѓународните политички процеси, како што се Г­7 и Г­20, конференции и состаноци на Обединетите нации.

На маргините на Форумот, министерот Цветков ќе оствари повеќе билатерални средби со своите колеги од регионот и од Европа.

Цветков вчера во Берлин се сретна со генералниот директор на Светската организација за храна и земјоделство (ФАО), Хозе Грациано да Силва.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП