Граѓаните кои се занимаваат со земјоделство како основна или дополнителна дејност и кои оствариле приход до 1.300.000 денари во 2014 година, до 31 јануари можат да се регистрираат и пријават во УЈП за паушално оданочување со персонален данок.
Како што информира Управата за јавни приходи, неопходно е да се поднесат Пријава за регистрација на обврзниците кои остваруваат приходи од земјоделска дејност (образец “УЈП РДО/З“) и Барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност (образец “ПДДПЗ“).
Доколку овие граќани се веќе регистрирани како обврзници кои остваруваат приходи од земјоделска дејност, треба да поднесат само Барање за паушално оданочување.
Пријавата (образец “УЈПРДО/З”) и Барањето (образец “ПДДПЗ”) се бесплатни и може да се преземат на шалтерите во УЈП или преку веб страницата на УЈП – http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/pregled
УЈП потсетува и дека регистрираните земјоделци, ако направиле какви било промени во податоците, треба да пријават.
Доколку имате промени само во личните податоци (адресa , телефон и епошта), во тој случај промената на регистрационите податоци можете да ја пријавите со користење на услугата е
Промена на податоци, со повикување на бесплатната инфо линија 0800 33 000. Доколку пак, имате промени во податоците за работна активност, податоци за членовите на Семејно земјоделско стопанство (СЗС), трансакциска сметка…должни сте да поднесете нова Пријава за регистрација (образец “УЈПРДО/З”) заради ажурирање на вашите податоци во Регистарот на УЈП, информира Управата.
УЈП повикува и на посетување обуки во општините и градовите со цел информирање за сите прашања во врска со постапките за регистрација, оданочување на приходите од вршење основна и дополнителна земјоделска дејност, плаќање на персоналниот данок,…
Распоредот на обуките за земјоделците е објавен на веб страницата на УЈП – http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/nastani/pregled).