22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФинска трпи последици од санкциите кон Русија

Финска трпи последици од санкциите кон Русија

finskafinlandidj489tu

Несогласувањата на Западот со Русија, во прва рака поради кризата во Украина, оставаат се појасни последици во Финска, јави допсиникот на МИА од Гетеборг.

Најновите податоци покажуваат дека рускиот туризам во Финска лани во ноември бил намален за 27 проценти. Истовремено во Финска се зголемиле, на пример, ноќевањата на шпански туристи за 21 процент.

Но, со оглед на фактот дека Русите традиционално се најголемата туристичка група што ја посетува Финска, порастот на бројот на туристи од други земји не помага во крајниот резултат.

Вкупно земено, ноќевањата на странски туристи во Финска биле намалени за шест0 проценти во ноември минатата година во споредба со истиот период во 2013 година, соопшти финската Статистичка централа.

Финска се соочува и со други проблеми на економски план. Пред извесно време беше обелоденето дека на производителите на млеко кај финските соседи, балтичките земји Литванија, Летонија и Естонија, им била ветена финснсиска поддршка од ЕУ во вкупен износ од околу 28 милиони евра, а поради рускта забрана за увоз.

Но, со овие мерки не беше опфатена и Финска. По тој повод финскиот министер за земјоделие изрази разочарување и најави дека ќе го контактира еврокомесарот за земјоделие Фил Хоган.

Руската забрана за увоз досега ја чини Финска повеќе од 250 милиони евра загуби во секторот на производство на млеко и млечни производи, посебно кога станува збор за финскиот млечен гигант „Валио“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП