5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДоаѓа ерата на луксузните кросовери

Доаѓа ерата на луксузните кросовери

70907009954b7d520a7130475770068_640x39085

Производителите на луксузни автомобили се подготвуваат да го освојат сегментот на кросовер и SUV возила, а најновите вести за овие модели стигнуваат од британскиот остров. 

„Jaguar“ соопшти дека кросоверот на оваа компанија на пазарот ќе се појави под ознката „FPace“, додека „Bentley“ својот прв SUV модел го нарече „Bentayg“.

133824078354b7d4880bd02365904690_640x39285

„Jaguar F­Pace“ се темели на концептот „C­X17“ од 2013 година, а според луѓето од оваа компнија, тоа ќе биде лускузен спортски кросовер што ќе ја дели платформата со компактната лимузина „ХЕ“.

Новиот модел е најавен со краток видео спот:

Премиерата на моделот „F­Pace“ се очекува до крајот на 2015 година, а автомобилите во продажните салони треба да стигнат на почетокот на 2016 година.

70907009954b7d520a7130475770068_640x39085

„Bentley“, пак, веќе неколку години се занимава со идеата за SUV возила и својата концептна верзија „ЕХР 9F“ ја претстави уште во 2012 година на женевскиот авто­салон, конечно го избра името на серискиот модел.

Кога во 2016 година ќе стигна во продажните салони, првиот SUV на овој производител ќе се продава под името „Bentayg“.

„Bentley“ соопшти дека „Bentayg“ е замислен како „најлуксузен и најсилен SUV“ на пазарите на овој вид возила.

Во компанијата велат дека веќе се примени околу 2.000 порачки, иако потенцијалните купувачи се уште не се во можност да го видат конечниот изглед на автомобилот. „Bentley“ планира годишно да произведува и продава најмалку 3.000 примероци од овој SUV модел.

130173192854b7d525677a6675804705_640x36085

„Jaguar“ и „Bentley“ не се единствени производители на луксузни авотомобили кои подготвуваат кросовер и SUV модели.

„Maserati“ во 2015 година ќе лансира сопствен кросовер под насловот „Levante“, а „Rolls-Royce“ за 2017 година ја најави премиерата на својот SUV модел, со кој сака да му парира на „Bentley“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП