20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцузите меѓу најголемите економски песимисти

Французите меѓу најголемите економски песимисти

francijakrizafrance

Најмногу песимисти во поглед на економските прилики во сопствената земја во 2015 година покажаа граѓаните на Франција, Белгија, Луксембург и Jапонија, открива анкетата која ја спроведе холандската компанија за човечки ресурси, Рандстад.

Само 31 процент од Французите сметаат дека 2015 година ќе биде година на економска реконструкција, па затоа Французите се повторно меѓу шампионите во песимизмот, пишува францускиот весник Фигаро.

Во истражувањата на Рандстад се наведува дека во земјите кои се ангажирале за реформите, особено Шпанија и Португалија, ситуацијата е многу подобра, па 87 проценти од анкетираните Португалци и 76 проценти од Шпанците веруваат дека тековната година ќе донесе економско закрепнување во нивните земји.

На глобално ниво, 58 проценти од испитаниците од 34 земји, опфатени во истражувањето, изјавиле дека 2015 година ќе биде синоним за повторно придвижување на економија, што е за 9,0 процентни поени повеќе во однос на резултатите од истото истражување за 2014 година.

Најголемите оптимисти се во Бразил и Индија (93 проценти), но и Кинезите (90 проценти) исто така имаат доверба во однос на иднината на националната економија.

Во Европа, најмногу верба кога станува збор за економските прилики во тековната година, покрај Португалците и Шпанците, изразиле и испитаниците од Велика Британија (64 проценти).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП