27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП ракомет: Катар го совлада Бразил

СП ракомет: Катар го совлада Бразил

qare

Домаќинот Катар со победа над Бразил од 28:23 (полувреме 15:12) го отвори 24. Светско ракометно првенство.

Најзаслужен за победата беше голманот Даниел Шариќ кој имаше 22 одбрани.

Катарците кои имаат богат интернационален состав, од клупата предводен од Валерио Ривера, уште од почетокот го диктираа темпото и веќе по 20 минути игра стигна до предност од 13:7.

Сепак до крајот на полувремето Бразил со серија од 5:1 успеа да фати резултатски приклучок.

На стартот од вториот дел Бразилците намалија на два гола негатива (16:14), но во продолжение на мечот домашните ракометари повторно ја вратија предноста од пет гола (21:16).

И покрај негативата Бразилците не се предаваа одговорија со четири гола во серија(21:20), но повеќе и немаа сили за да направат целосен пресврт.

Покрај Шариќ значаен придонес во победата на Катар имаше и Жарко Марковиќ со шест погодоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП