22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСедум земји во светот имаат повеќе од 1.000 тони златни резерви

Седум земји во светот имаат повеќе од 1.000 тони златни резерви

zlato pracki

Светскиот совет за злато пред неколку дена ги објави податоци за земјите со најголеми златни резерви во светот.

Статистиката покажува дека седум од земјите, кои се предмет на истражувањето, плус Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), располагаат со златни резерви со повеќе од 1.000 тони.

Лидер е САД со 8133.5 тони кои сочинуваат 71.6% од резервите на земјата, зад нив е Германија со 3384.2 тони, или 66.4% од резервите. ММФ е со 2814 тони злато, додека Франција е со 2435.4 тони, или 65.3% од резервите.

Русија, Кина и Швајцарија се останатите земји во светот со резерви со повеќе од 1.000 тони. Кина сепак продолжува да има најмал удел на злато (само 1%) како процент од вкупните резерви меѓу лидерите во рангирањето.

Вкупните резерви (според официјалните податоци) се 32.099 тони. Земјите од еврозоната држат 10.784 тони, или 55,5% од вкупните резерви.

Со најголем процент на златни резерви во светот се САД (71.4%), Грција (69.4%), Венецуела (68.9%), Германија, Италија, Франција и Кипар – сите со над 60 отсто златни резерви.

На спротивната страна се земји како Канада – 0,2%, Унгарија – 0,3%, Чешка и Бразил со по 0,6 и 0,7 отсто, Катар и Кина со по 1%, Малезија со 1.1%, Саудиска Арабија со 1.6%, Сингапур со 1.8% .

Сепак, лидер во овој поглед е Хонг Конг, чиј златни резерви се 2 тони злато, што претставува помалку од 0,01% од вкупните резерви.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП