17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФилипините ги прогласија јаболката од САД за опасни

Филипините ги прогласија јаболката од САД за опасни

Stand de pommes au marché international de Rungis, France

Филипинското Министерство за трговија издаде наредба да се повлечат од продажба и индустриска преработка 245 тониа јаболка увезени од САД.

Одлуката е донесена од како американското Биро за храна и лекови (ФДА) соопшти дека дел од јаболката произведени во Калифорнија и други области во САД биле загадени со опасната бактерија листерија.

Оваа бактерија предизвикува температура, болки во мускулите, главоболки и конвулзија. Ако на време не се интервенира, болестите предизвикани од бактеријата листерија имаат смртоносни последици.

Според вестите пренесени и на Филипините, од САД во последниве четири недели се извезени најмалку 350.000 пакети со јаболка кои се, најверојатно, заразени со бактеријата листерија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП