10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистерот Цветков во Берлин на Меѓународната зелена недела

Министерот Цветков во Берлин на Меѓународната зелена недела

cvetkov 38

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, на покана од германскиот сојузен министер за храна и земјоделство Кристијан Шмит, во сабота ќе учествува на Меѓународната зелена недела во Берлин.

Во рамки на оваа манифестација ќе се одржи и министерскиот форум на тема: „Растечката потреба од храна, енергија и суровина: предизвици за одржливо земјоделство и обезбедување доволни количини на храна“.

На форумот е најавено учество на 70 министри и заменици министри за земјоделството како и високи претставници на земјоделскиот и прехранбениот сектор.

Одлуките на министрите од форумот ќе бидат земени предвид во меѓународните политички процеси како што се Г­7 и Г­20, конференции и состаноци на Обединетите нации.

Министерот Цветков ќе оствари и повеќе билатерални средби со своите колеги од регионот и од Европа. Најавена е средба и со генералниот директор на ФАО, Хозе Грациано да Силва.

Глобалниот форум за храна и земјоделство и Министерскиот самит за земјоделство во Берлин се едни од најзначајните настани на меѓународен план, на кои се дискутираат теми од глобален интерес поврзани со земјоделството и обезбедувањето храна во светски размери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП