22 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗГалерија: Škoda Fabia Combi

Галерија: Škoda Fabia Combi

sfc

Чешкиот производител објави нови фотографии од третата генерација на „Fabiа“ караван која наскоро ќе пристигне во европските продажни салони.

Новата „Škoda Fabia Combi“ имаше премиера на авто-саемот во Париз, на почетокот на октомври 2014-та, а автомобилот ќе започне да се продава во одредени земји во Европа веќе во текот на јануари.

sfc1

Покрај новиот дизајн, кој главно е превземен од хечбек верзија, караванот има за 25 l поголем багажник од претходната генерација.

Со исправени задни седишта, просторот на багажникот изнесува 530 l, a со навалување на истите тој може да се зголеми до 1.395 l.

sfc2

Во споредба со хечбекот, багажникот на караванот е поголем за 200 l, што може да биде пресудно за купувачите на кои капацитетот на багажникот им е важен при купувањето на нов автомобил.

„Škoda Fabia Combi“ од претходникот е подолг за 10 mm, поширок за 90 mm, но и понизок за 31 mm.

sfc3

Новиот караван воедно е и полесен од стариот и до 55 kg, во зависност од изборот на моторот и пакетот на опрема.

Во понудата ќе бидат четири бензинци и три дизели.

 

sfc4

Бензинските мотори произведуваат меѓу 75 ks и 110 ks, додека дизел единиците имаат опсег на моќта од 75 дo 105 „коњи“. Моќта се пренесува на тркалата со помош на мануелниот или „DSG“ менувач со двојно квачило.

sfc5

Во „Škodа“ велат дека новите мотори се поекономични и до 17% во однос на претходната генерација, и истакнуваат дека најефикасна е „Fabia Combi Greenline“ која има фабрички декларирана просечна потрошувачка од 3,1 l/100 km и емисија на „CO2“ од 82 g/km.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП