17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарците се предадоа, франкот во небо

Швајцарците се предадоа, франкот во небо

franci-frank

Централната банка на Швајцарија соопшти дека се откажува од тригодишните напори вредноста на франкот вештачки да се одржи на ниско ниво.

Како резултат на тоа, швајцарскиот франк зајакна за 29 проценти во однос на еврото.

Само неколку минути по соопштението на банката дека ја укинува границата која спречува еврото да падне под 1,2 франци, швајцарската валута зајакна на 0,8517 за евро, пренесува агенцијата Франс прес.

Националната банка на Швајцарија соопшти дека мерката која ја воведе во септември 2011 година со цел да ја заштити швајцарската економија од сериозни ризици поради европската должничка криза повеќе не е оправдана.

Силниот франк особено е проблематичен за швајцарските извозници, кои мораа драстично да ги намалат цените за да останат конкурентни.

Банката исто така порача дека ќе ја намали просечната каматна стапка на минус 0,75 од минус 0,25 проценти.

Акциите на швајцарските берзи потонаа за 6,66 проценти по вестите дека курсот на франкот повеќе не е врзан за еврото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП