3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбјавен тендер за македонско вино во Шведска

Објавен тендер за македонско вино во Шведска

vinari eueu

Монополот за продажба на алкохолни пијалоци во Шведска „Системболагет“ денеска објави тендер за набавка на македонско црвено вино од сортата „вранец“, соопшти Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на РМ.

Оваа објава за набавка на црвено македонско вино значи сигурен пласман на 24.000 шишиња / 18.000 литри македонски вранец. Виното ќе се продава во 130 продавници на „Системболагет” шест месеци, почнувајќи од денеска.

„Ова е голем успех за винската индустрија во Македонија која ќе добие одлична можност за презентација на шведскиот пазар кој важи за пазар со пребирлив и истенчен вкус во однос на виното“, наведува Агенцијата.

На тендерот ќе учествуваат поголем дел од македонските винарии преку шведски увозници кои, по одржаните состаноци со нашиот економски промотер во Шведска Мирјана Наумоска, изразија интерес за застапување на нашето вино на нивниот пазар.

„Ова е само почеток. Се очекува нов тендер во иднина и за бело вино“, нагласуваат од Агенцијата.

За да се одржи позицијата „на рафт“, додаваат, потребна е успешна продажба во првите три месеци со цел и понатаму да го има виното, во спротивно ќе почне да се продава на листата за нарачки и нема да може да се купи во секој момент во продавниците на монополот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП