
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го продолжи на две години специјалниот кредитен аранжман за Полска од 23 милијарди долари, кој Полска не го користи.


Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го продолжи на две години специјалниот кредитен аранжман за Полска од 23 милијарди долари, кој Полска не го користи.
Сепак, средствата и се веднаш на располагање доколку и притребаат од наглите падови да ја заштити злотата и државните обврзници.
Кретитот од 33,7 милијарди долари е намален на 23 милијарди на барање на Полска.
На Владата на Полска кредитот од ММФ ќе и служи како мерка на претпазливост и таа нема намера да го користи кредитот, соопшти ММФ, јавуваат полските медиуми.
Таа специјална форма на кредит е воведена во ММФ по избивањето на глабалната економска криза во 2008 година, година на успешни но и ранливи економии во развој. Полска е првата земја на која во 2009 година тие средства и беа ставени на располагање, но досега таа не морала да искористи ниту еден долар.
ММФ денес оцени дека Полска има силни економски основи и политичка рамка, силна фискална позиција, а јавниот долг е избалансиран.
Продолжувањето на рокот за уште две години кога на Полска и се ставени на располагање 23 милијарди долари, според оценката на ММФ е само помош да се одржи довербата на пазарот и да се зајакне економската стратегија на Владата, а фактот дека официјална Варшава побара да се намалат средствата за повеќе од 10 милијарди, е јасен сигнал дека таа од кредитната линија потполно ќе се откаже кога ќе исчезнат надворешните закани.