3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајдобра година во историјата на Lamborghini

Најдобра година во историјата на Lamborghini

ave n

„Lamborghini“ во 2014-та година на купувачите им испорача рекордни 2.530 aвтомобили и забележа раст во продажбата од 19 проценти во однос на претходната година кога на пазарот ширум светот пласираше 2.121 возила.

Годината во која „Lamborghini“ стигна до најголемиот број на продадени автомобили во својата историја беше голем тест за овој производител, затоа што во 2014-та престана да се произведува нивниот најпродаван модел – „Gallardo“.

Транзицијата мина безболно, па наследникот на „Gallardo“ – „Huracan“, во својата прва година на пазарот е продаден во 1.137 примероци.

За одличниот резултат на компанијата во 2014-та голема заслуга има и вториот модел, „Aventador“, чија продажба порасна за 13% или 1.128 eдиници. На тој начин, „Aventador“ стана најпродаваниот „Lamborghini“ со „V12“ мотор на сите времиња.

Покрај овие два модели, во 2014-та година продадени се и 265 примероци од моделот „Gallardo“.

„Во годината која е зад нас, ја зголемивме продажбата во сите најважни региони“, изјави шефот на „Lamborghini“, Штефан Винкелман, и додаде дека автомобилите на овој производител во 2014-та најдобро се продаваа во САД и Кина.

Во „Lamborghini“ очекуваат дека 2015-та година ќе биде уште поуспешна, со оглед на тоа дека до крајот на 2014-та прими околу 2.300 нови нарачки за моделот „Huracan“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП