5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМаск: До 2025-та ќе изработуваме повеќе од милион возила годишно

Маск: До 2025-та ќе изработуваме повеќе од милион возила годишно

tesla proizvodstvo 53

Американскиот производител на луксузни електрични автомобили, „Tesla Motors“, предвидува дека годишната продукција од 40.000 возила, колку што примероци беа произведени во 2014-та, дека до 2025-та година ќе порасне на повеќе од милион автомобили, изјави извршниот директор и основач на компанијата, Елон Маск.

На конференцијата за новинарите, Маск рече дека „Tesla Motors“ не смета дека ќе биде профитабилна пред 2020-та година.

Тој додаде дека кинеската продажба на луксузната лимузина „Tesla S“ во четвртиот квартал од 2014-та била разочарувачка, затоа што Кинезите не се подготвени да го купат овој модел поради стравот дека нема да можат лесно да ги полнат електричните автомобили.

„Меѓутоа, ние тоа ќе го поправиме, најверојатно до средината на 2015-та година“, вели Маск.

Кросоверот „Model X“, чиј развој беше неколку пати одложуван, ќе биде лансиран во текот на летото, додека евтиниот „Model III“ (3) се очекува во 2017-та година.

„Tesla Model III“ е замислен како компактна лимузина, а компанијата предвидува продажба од 500.000 примероци годишно, почнувајќи од 2020-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП