18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAir France во проблеми – 5.000 откази?

Air France во проблеми – 5.000 откази?

airfrance154

Раководството на францускиот авиопревозник „Air France“, поради слабеењето на конкурентноста, предвидува нов план за намалување на бројот на вработени за оваа година.

Според информациите, до кои дојде францускиот весник Фигаро, оваа компанија би можела во тековната година да отпушти околу 5.000 вработени, од вкупно 96.000 вработени лица.

Од дирекцијата на „Air France“ не сакаа да го потврдат ниту бројот на загрозени работни места, ниту рокот во кој оваа мерка ќе се спроведе.

Истиот извор потсетува дека компанијата при соопштувањето на деловните резултати на 18. декември минатата година, истакна дека мерките за дополнително намалување на трошоците и бројот на вработени се во фаза на разгледување.

За новиот план за редукција на вработените сеуште не е разговарано со синдикатите, чии претставници велат дека се свесни за јазот во конкурентноста во однос на другите водечки авиокомпании, но дека е „премногу едноставно да се зголеми конкурентноста со намалувањето на вработеноста“.

Весникот наведува дека во вторниот „Air France“ на своите синдикати им ја претставил компаративната анализа за конкурентноста која открива дека „Air France“ според тој критериум е далеку зад „Lufthansa“, како и компаниите „IAG“ (British Airways и Iberia), а дури и зад холандската групација KLM, која е нгова компанија-сестра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП