5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРекордна година за премиум производителите, лидер е BMW

Рекордна година за премиум производителите, лидер е BMW

bmw-audi-merc33366666

„BMW“ во 2014-та година беше најпродавана луксузна автомобилска марка во светот со 1.811.719 испорачани возила. Зад неа е „Audi“ со 1.741.100 продадени автомбили, а трет е уште еден германски производител, „Mercedes“, кој ширум светот пласираше 1.650.010 возила.

Доколку се запрашате зошто „BMW“, „Audi“ или „Mercedes“ лансираат нови модели, кои не се карактеристични за гамата на овие производители, одговорот можете да го добиете токму со анализата на продажните резултати од 2014-та.

Годината која е зад нас беше толку успешна за овие три премиум марки, па „BMW“, „Audi“ и „Mercedes“ забележаа рекордна годишна продажба.

Редоследот остана ист како и во 2013-та, но заостанувањето на „Audi“ и „Mercedes“ се намали.

„BMW“

premium pro

Првопласираниот „BMW“ во 2014-та имаше раст во продажбата од 9,5% во споредба со претходната година.

За рекордната годишна продажба допринесоа и новите модели како што се „BMW Serieѕ 2 Coupe“ (27.933 испорачани возила), „BMW Serieѕ 2 Active Tourer“ (13.091) и „BMW X4“ (21.688).

Сепак, главни во продажбата во 2014-та беа моделите од семејството „Serieѕ 3“ со 476.792 испорачани автомобили (+2%). По нив следи „BMW Serieѕ 5“ со 373.053 возила (+1,7%), додека за „BMW X5“ се одлучиле 147.381 купувачи (+37,4%).

Во 2014-та година продадени се и 119.580 автомобили од „BMW Serieѕ 4“, испорачани се и 16.052 примероци од електричниот „BMW i3“, како и 1.741 од хибридот „BMW i8“.

„Audi“

premium pro1

Со 1.741.100 продадени автомобили во 2014-та, „Audi“ забележа раст од 10,5% во споредба со 2013-та година. За големувањето на продажбата најмногу допринесоа „SUV“ моделите и возилата од семејството „A3“.

Во 2014-та ширум светот се испорачани 507.500 „SUV“ возила на „Audi“, што е 15,8 oтсто повеќе од 2013-та, а најпродавани беа „Q3“ и „Q5“.

„Mercedes“

premium pro2

„Mercedes“ минатата година продаде 1.650.010 aвтомобили, со раст од 12,9%, a рекордна продажба е забележана во секој од 12-те месеци.

Побарувачката за компактните возила со преден погон и натаму е голема, па така моделите од класите „A“, „B“, „CLA“ и „GLA“ прават повеќе од четвртина од вкупната продажба на „Mercedes“ (463.152 единици, +24,7%).

Поединечно најпродаван „Mercedes“ и натаму е „C Сlasѕ“ со 316.792 испорачани автомобили, додека за моделите од „E Сlasѕ“ се одлучиле 257.571 купувачи. Во 2014-та продадени се и 103.737 примероци од топ лимузината на „Mercedes“, „S Сlasѕ“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП