23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДобра вест за проблематичните членки на ЕУ

Добра вест за проблематичните членки на ЕУ

441915326548805def0c3b560231787_640x480

Европската унија ќе ги олабави фискалните прописи за оние членки кои ќе имаат големи инвестиции и ќе спроведуваат повеќе реформи.

Тое е ветување кое би можело да биде добра вест за проблематичната економија на Франција и Италија.

Во соопштението на Европската комисија се наведува дека прописите според кои земјите-членки кои до неодамна беа казнувани поради прекумерниот дефицит и долг сега ќе бидат применувани „на интелигентен, ефикасен и веродостоен начин“, пренесува агенцијата АП.

Потпретседателот на Комисијата, Валдис Добровски изјави дека во одделни случаи Комисијата „може да им дозволи на некои членки привремено да отстапат од среднорочните буџетски цели“, што, според оценките на АП, би можело да значи дека Франција и Италија нема да бидат казнети за надминување на дозволената висина на долгот и буџетскиот дефицит.

Според соопштението на Комисијата, фискалните ограничувања не се променети, но Европската унија во иднина ќе ги зема во предвид привремените фактори кога ќе го оценува почитувањето на прописите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП