26 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКолку сте успешни на работа? Одговорот го знае Фејсбук

Колку сте успешни на работа? Одговорот го знае Фејсбук

facebook559

Едно од последните истражувања поврзани за Фејсбук покажа една работа која може да им биде интересна на сите работодавци – содржината која корисниците ја објавуваат може да покаже колку тие лица ќе бидат упешни на работа.

Ова истражување на група од 146 лица го спроведоа Ричард Ландерс и Кетлин Каванауг од Универзитетот Олд Доминион во Вирџинија и заклучија дека постои поврзаност меѓу личноста на корисниците и успехот на работа.

Следејќи нечиј профил на Фејсбук можеме да дознаеме како тоа лице ќе се однеува на работното место, вели Business Insider пренесувајќи ги резултатите од истражувањето и напоменувајќи дека двете најважни особини кои можеме да ги откриеме на Фејсбук за корисниците и да ги поврземе со однесувањето на работа се совесноста и екстровертноста, т.е. отвореноста кон другите луѓе.

Ландерс објаснува дека совесните лица никогаш не доцнат, своите задачи ги вршат педантно и на време, организирани се и од сите особини токму совесноста се поврзува со успехот на работа.

Отвореноста покажува како лицата се однесуваат и се чувствуваат во друштво на поголема група на луѓе – оваа особина е многу важна за луѓето кои се занимаваат на пример со продажба и се во чест контакт со други луѓе, ној не е толку важна за некои други занимања, како програмерите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП