8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛош старт за Русите, инфлацијата во небо

Лош старт за Русите, инфлацијата во небо

inflationrussia654654

Министерството за економски развој на Русија го очекува врвот на инфлацијата во март или април, кога таа би можела да достигне од 15 до 17 проценти на годишно ниво.

Тоа денес пред новинарите го изјави заменик министерот Алексеј Вједев.

Притоа, во текот на 2015 година, инфлацијата најверојатно ќе биде двоцифрена или на граница, пренесува Тасс.

Според Вједев, најголемо влијание на инфлацијата ќе има динамиката на увозот и колебањето на курсот на рубљата.

Тој изјави дека и прелиминарната проценка на Министерството за економски развој покажува дека растот на бруто домашниот производ на Русија минатата година изнесувал 0,5 до 0,6 проценти.

Како што претходно објави Тасс, Ростат, ја потврди проценката за инфлацијата во Русија за 2014 година на ниво од 11,4 проценти. Тоа е најголемата вредност од 2008 година, кога потрошувачките цени пораснаа за 13,3 проценти.

Во документите на Министерството се наведува дека во декември 2014 година растот на потрошувачките цени изнесувал 2,6 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП