9 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАБарате работа? Работодавците најмногу ги ценат овие особини

Барате работа? Работодавците најмногу ги ценат овие особини

November 11, Are You Happy At Work

Дури 71 процент од менаџерите во истражувањето на американскиот портал „CareerBuilder“ изјавиле дека за време на вработувањето најмногу внимание и посветуваат на емоционалната интелигенција на кандидатите.

Дека критериумите при вработување се менуваат, покажа и истражувањето на американското здружение NACE (The National Association of Colleges and Employers), во кое работодавците ги открија десетте најпосакувани особини кај вработените кои ќе бидат најмногу ценети во 2015 година.

На самиот врв се најдоа способноста за работа во тим, брзото одлучување и решавањето на проблеми.

Потоа доаѓаат вештините за вербална комуникација со луѓе во внатрешноста и надвор од организацијата, како и способноста за планирање, организација и дефинирањето на приоритетите.

Техничките знаења поврзани за работата, како што е анализата за квантитативни податоци, техничките знаења поврзани за конкретна работа или познавање на одредени програми на компјутерот и способностите поврзани за продажба и маркетинг – секако се бараат, но сепак се најдоа на крајот на оваа листа.

Затоа во 2015 годиа поработете на вашите т.н. „меки вештини“, како што е тимската работа или комуникациските вештини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП