26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабави инфлацијата во Британија

Забави инфлацијата во Британија

londonew5f4ew4fe

Инфлацијата во Британија забави во месец декември поради падот на цените на нафтата на најниско ниво од 0,5 проценти, соопшти вчера Заводот за статистика во Лондон.

Иако инфлацијата значително се намали под целното ниво на Банката на Англија, некои економисти веруваат дека нејзиниот пад е добра вест за британската економија, пренесува агенцијата АП.

Падот на цената на нафтата би требало значително да ја зголеми куповната моќ на домаќинствата“, наведува Пол Холингсворт од компанијата „Capital Economics“.

Долготрајниот пад на потрошувачките цени може да биде проблематичен, бидејќи ги охрабрува купувачите да го одложуваат купувањето во очекување цените дополнително да се намалат. Еврозоната во моментов се соочува со тој ризик, а Европската централна банка ги разгледува мерките за стимулација на економијата, наведува АП.

Холингсворт верува дека инфлацијата во Британија ќе продолжи да се намалува. Стапката на инфлација во Британија последен пат изнесуваше 0,5 проценти во мај 2000 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП