25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАMoody’s го намали рејтингот на Венецуела

Moody’s го намали рејтингот на Венецуела

moodys124kjuhy

Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Moody’s“ го намали кредитниот рејтинг на Венецуела за два степени, на „Caa3“, од „Caa1“, со стабилна прогноза.

Како што соопшти агенцијата, причината за намалување на рејтингот е зголемениот ризик за стандардот поради падот на цените на нафтата. Сегашниот пад на цените на нафтата го зголеми притисокот врз платниот биланс и резервите на Венецуела. Просечната цена на венецуелската нафта која обично е малку поевтина од „брент“ се намали во декември на 54,03 долари за барел, од просечната цена од 88,42 долари во текот на цела 2014 година, пренесува ТАСС.

Според прогнозите на „Moody’s“, како последица на таквиот пад на цените на нафтата дефицитот во тековните операции на Венецуела во оваа година ќе биде на ниво од два проценти од БДП. Таков дефицит на тековните сметки Венецуела немала од 1998 година.

Покрај тоа, како уште една причина за намалувањето на рејтингот на земјата, „Moody’s“ го наведува фактот дека во случај на неплаќање, сопствениците на обврзници во Венецуела ќе загубат околу 50 проценти од своите инвестиции.

Сепак и покрај намалувањето на рејтингот, „Moody’s“ ја зголеми прогнозата за рејтингот на Венецуела на стабилна од негативна, објаснувајќи го тоа така што и при остар пад на цените на нафтата, загубите на сопствениците на венецуелски обврзници ќе бидат на ниво, кое одговара на нивото на рејтинг не помало од “Caa3“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП