Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Румен Стаменов денеска ќе посети неколку откупни пунктови за тутун во Прилеп.
Во прилепскиот регион тутунот се откупува на 139 откупни пунктови од страна на девет компании. Откупот на тутун почна на 15ти минатиот месец, а откупувачите според договорите со кооперантите треба да откупат 25 илјади тони тутун.