17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзвозот на оружје на Романија двојно зголемен во 2013 година

Извозот на оружје на Романија двојно зголемен во 2013 година

romanija oruzje

Извозот на воена техника на Романија е зголемен за над два пати во 2013 година во однос на претходната година, достигнувајќи речиси 177 милиони евра, соопшти весникот „Гандул“.

Романските производител на оружје и воена техника имале нарачки од традиционални партнери на Романија во трговијата со оружје, но успеале и да ги обвноват врските со некои стари клиенти, како и да привлечат нови земји, наведува весникот, додавајќи дека во 2013 година Романија имала највисоко ниво на извоз на оружје во последните пет години.

Најголем клиент на романската воена техника во 2013 година е Холандија, која ги задржува врските со романските производители, особено во воената поморска техника. Во 2013 година нарачките од Холандија се зголемени за четири пати во однос на претходната година. САД, Израел, Велика Британија и Турција, исто така, се меѓу најважните клиенти на романскиот извоз на оружје.

Романските производители на воена техника успеале да остварат трговски врски и со некои поранешни клиенти како Мароко, Авганистан, Буркина Фасо, Тајланд, Египет и Индонезија, како и да освојат нови пазари како Јордан, Мозамбик, Замбија, Грција и Молдавија, наведува весникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП