Производителот на луксузни автомобили „Jaguar Land Rover“ (JLR) најави отворање на 1.300 нови работни места во Британија и производство на првото спортско возило во историјата на оваа компанија.
Новиот спортски кросовер „F-PACE“ ќе биде произведен во фабриката на „Jaguar“ во градот Солихал, Англија, се наведува во соопштението на „JLR“, и се додава дека продажбата на тој модел ќе следува во 2016-та година.
„Соопштението е доказ на нашата посветеност кон Британија. Сакаме нашите клиенти да имаат поголем избор“, изјави извршниот директор на „Jaguar“, Ралф Спет.
Престижниот британски бренд „Jaguar Land Rover“, кој индиската компанија „Tata Мotors“ го купи во 2008-ма година од американски „Ford“ зa 2.3 милијарди долари, во овој момент има вкупно вработено 30.500 луѓе во Британија.