9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОЕЦД: Германија забавува

ОЕЦД: Германија забавува

OECDf45tfg56ty56y67u

Германската економија и понатака покажува знаци на забавување на растот, кој во останатите водечки светски економии генерално би требало да остане стабилен во претстојниот период, соопшти Организацијата за економски раст и развој – ОЕЦД.

Тесно следениот месечен индикатор на ОЕЦД, која опфаќа 33 земји членки, креиран е за да ги детектира првите знаци за промените во економските трендови, повторно во ноември покажа знаци за забавување во Германија и Италија, но и стабилност во еврозоната.

Франција, втората економија во еврозоната, во претпоследниот минатогодишен месец забележа незначително подобрување, со раст на ОЕЦД индексот од 100,2 поени во октомври на 100,3 поени во ноември. Индексот за Германија се намали од 99,6 на 99,5 поени, а за Италија од 101,1 на 101,0 поени.

Индексот за еврозоната во целина остана непроменет, на 100,6 поени. За ОЕЦД во целина (сите земји членки) порасна на 100,5 поени, од 100,4 поени колку што изнесуваше во октомври.

Вредноста на индексот за Кина порасна на 99,3 поени, од претходните 99,2 поени, а за Индија на 99,5 поени, од претходните 99,3 поени. Индексот за САД се задржа на 100,4 поени, а за Јапонија на 99,8 поени.

Вредноста на британскиот индекс се намали од 100,4 поени на 100,3 поени, а најголем пад забележа рускиот индекс од 100,2 поени на 99,8 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП