3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата Škoda Fabia ја освои наградата What Car? – Автомобил на годината...

Новата Škoda Fabia ја освои наградата What Car? – Автомобил на годината за 2015-та

f nova

Новата „Škoda Fabia“, на гламурозното доделување во Лондон, ја освои престижната награда „What Car?“ – Автомобил на годината за 2015-та година, а во исто време триумфираше и во категоријата „Најдобар Мал Автомобил“, додека пак новата „Škoda Octavia“ ја освои наградата „Најдобар семеен автомобил“.

По втор пат популарниот мал автомобил на „Škoda“ е на врвот, по освоената награда во 2000 година кога триумфираше првата генерација на „Fabia“.

Новата „Škoda Fabia“ за прв пат беше претставена на автомобилскиот саем во Париз во месец октомври минатата година. Со првата генерација на „Škoda Fabia“ од 2000-та година, дури 250.000 Британци го подновија својот возен парк, а во светски рамки беа испорачани 3,5 милиони модели „Škoda Fabia“.

Достапна со пет врати како и во караванска изведба, кај новата „Fabia“ се воведуваат иновативни безбедносни системи, системи за помош на возачот и забавно информативни системи. Новата „Fabia“ се одликува со експресивен, динамичен дизајн со мазни површини и кристално јасни форми и линии. Новата „Fabia“ исто така е попространа, помоќна и поефикасна од претходната, благодарение на намалената  тежина и на новите мотори кои се во согласност со „EURO 6“ стандардот со кои „Fabia“ е за 17% поефикасна.

f nova1

Наградата ја подигна извршниот директор на „ŠKODA“, Д-р Винфрид Валанд, кој изјави:

„Новата „Škoda Fabia“ во секој поглед е повеќе од автомобил и нуди иновативна технологија и емоционален дизајн. Таа е идеална за модерната, урбана мобилност на денешницата. Ние сме сигурни дека новата „Fabia“ ќе одбележи ново поглавје во успешната приказна на моделот и како важен столб од нашата стратегија за раст на брендот ќе придобие многу нови клиенти“.

Уредникот на наградите „What Car?“, Џим Холдер изјави:

„„Fabia“ победи не само затоа што е врвен мал автомобил кој е практичен, добро опремен и економичен за одржување, туку и затоа што успеа да ги надмине конкурентите во сите фази од  изборот на најдобар автомобил“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП