2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот GT концепт - враќање на суперавтомобилите на Ford (фото+видео)

Новиот GT концепт – враќање на суперавтомобилите на Ford (фото+видео)

ford gt

„Ford“ успеа новиот концепт на спортскиот модел „GT“ да го сочува како тајна до самото отворање на авто-саемот во Детроит и со него да приреди големо изненадување за љубителите на овој вид автомобили.

Со него, најверојатно, најголема ѕвезда на саемот на автомобили во Детроит ќе биде токму возилото на домашната фабрика.

ford gt1

Новиот концепт на супер-спортскиот автомобил на „Ford“ со дизајнот на надворешноста се надоврзува на претходникот, што се произведуваше во 2005­2006-та година.

Автомобилот има препознатливата ниска силуета, нагласени предни и задни браници, а изгледот на фаровите и стоп-светлата јасно укажуваат на „крвната врска“ со претходната генерација.

ford gt3

Кабината е конструирана како единствена ќелија од јаглеродни влакна, додека вратите се отвараат вертикално. Во задниот дел се наоѓа автоматски прилагодлив спојлер што се активира по потреба.

Голем дел од конструкцијата и каросеријата е направен од алуминиум и јаглеродни влакна, за да се намали тежината на возилото, а „Ford“ тврди дека новиот „GT“ концепт е еден од автомобили со најдобар однос на моќта и масата.

ford gt4

Кокпитот е минималистички, со волан чиј дизај е инспириран од управувачот на „Ф1“ болидите. За погонот на моделот е упоребен централно поставен 3.5­литарски „twin-turbo V6 EcoBoost“ мотор, што произведува „над 600 кѕ“.

Моќта се пренесува на задните тркала со помош на седумстепен менувач со двојно квачило.

ford gt5

„Ford“ соопштија дека новиот „GT“ концепт не е само уште една дизајнерска студија и дека до крајот на 2016-та година во продажба ќе се најде продукциска верзија на овој супер-автомобил.

Погледнете ја деталната презентација на новиот „Ford GT“:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП