26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекорден трговскиот суфицит на Кина

Рекорден трговскиот суфицит на Кина

kina5

Трговскиот суфицит на Кина скокна за речиси 50 проценти минатата година на рекордни 382 милијарди долари.

Сепак, втората по големина светска економија ниту во 2014 година не успеа да го оствари планираниот раст поради слабостите во странските земји.

Извозот во 2014 година пораснал за 6,1 проценти на 2,34 билиони долари, додека увозот е зголемен за 0,4 проценти на 1,6 билиони долари, наведува кинеската Управна царина, а пренесува агенцијата Франс прес.

Трговскиот суфуцит на годишно ниво е зголемен за 47,2 проценти. Суфицитот кој Кина го бележи во трговијата со странство долго време е причина за тензиите меѓу Пекинг и Вашингтон.

За Кина 2014 година беше прилично разочарувачка, со бавен економски раст поради слабостите во преработувачкиот сектор, падот на цените на недвижнините и високите долгови на компаниите и локалната власт. Сето тоа ја поттикна кинеската централна банка во ноември да ја намали клучната каматна стапка за прв пат во повеќе од две години.

Само во декември, трговскиот суфицит пораснал за 93,5 проценти на годишно ниво на 49,6 милијарди долари, со раст на извозот од 9,7 проценти на 227,5 милијарди и пад на увозот од 2,4 проценти на 177,9 милијарди долари, наведува кинеската Управна царина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП