21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали Русите можат да ги вратат кредитите?

Дали Русите можат да ги вратат кредитите?

Russia Daily Life

Во 2014 година руските банки им одобрија на граѓаните хипотекарни кредити со вкупна вредност од 1,700 милијарди рубљи (27,4 милијарди долари).

Ова е за 30 проценти повеќе во однос на една година претходно, но оваа година не треба да се смета на сличен раст.

Како што се наведува во извештајот на аналитичката компанија „Секвоја кредит консолидејшн“ тоа е најголемиот показател за темпото на раст во споредба со другите сегменти. На пример, потрошувачките кредити за физичките лица се зголемени за 14 проценти, пренесува Финмаркет.

Оваа година не треба да се смета на сличен раст, сметаат аналитичарите. Сложената економска ситуација во земјата (падот на рубљата, намалувањето на реалните приходи на населението, високото ниво на инфлацијата) нема да дозволи пазарот да расте повеќе од 15 проценти.

Притоа, очекуваното намалување на одобрените хипотекарни стамбени кредити и зголемените ризици од падот на платежната способност на корисниците на кредити можат да доведат до значително зголемување на доцнењето во отплатата на кредитите, предупредуваат аналитичарите.

Во првата половина од 2015 година се очекува пораст на доцнењето во сегментот на хипотеки од 18 до 20 проценти, по што тој показател донекаде ќе се стабилизира, се наведува во извештајот.

На ден 1 јануари 2015 година доцнењето на кредитите достигна 48 милијарди рубљи, што во однос на истиот показател од минатата година е за 19 проценти повеќе.

Според податоците објавени во извештајот, минатата година се зголемени неколку показатели – рокот на кредитирање е зголемен за шест месеци, од 14,5 на 15 години, а просечната висина на хипотекарни кредити е зголемена за 12 проценти, од 1,6 милиони рубљи на 1,8 милиони рубљи, се вели во извештајот на аналитичката агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП