20 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАДолгот на државата намален за 65 милиони евра

Долгот на државата намален за 65 милиони евра

evraevrievriii

Последниве три месеци се намалува во континуитет долгот на државата. Во ноември во однос на октомври долгот на државата е намален за 65 милиони евра.

Заклучно со 30 ноември 2014 година, долгот на централната влада според податоците објавени на веб страницата на Министерството за финансии, е намален од 38,9 на 38,1 отсто од БДП. Јавниот долг, кој освен долгот на централната влада го вклучува и долгот на општините и јавните претпријатија, изнесува 45,5 отсто од бруто­домашниот производ. Ова во однос на октомври е намалување за 0,7 отсто, а во однос на септември за 1,1 отсто.

Причина за континуираното намалување на долгот, според Министерството за финансии, е намалувањето на издавањето државни хартии од вредност, како и исплатата на обврските кон ММФ. Намалувањето на задолжувањето по основ на ДХВ продолжи и годинава, така што на почетокот на месецов беа вратени 220 милиони денари во стопанството без да бидат издадени нови хартии од вредност. На крајот од годинава треба да се исплати и еврообврзницата што дополнително ќе го намали државниот долг за 150 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП