Стапката на невработеност во Бугарија лани во декември забележа прво реално намалување од 1991 година, јави БТА.
Според податоците на бугарската Агенција за вработување, стапката на невработеност минатиот месец изнесувала 10,7 отсто, што претставува намалување за 0,1 процентни поени во однос на ноември 2014 годна. Во декември 2013 невработеноста во Бугарија изнесуваше 11,8 проценти.
Директорот на Агенцијата за вработување, Асен Ангелов на денешната пресконференција во Софија информира дека во изминативе 23 години пад на стапката на невработност имало и во декемрви 2002 година, но тоа се должело на владините мерки за субвенционирање на вработувањето, при што одреден број невработни добиле работа.
Според Ангелов, во текот на 2014 година бројот на невработни во Бугарија се намалил за околу 50.000 лица. На Бирото за вработивање во декември 2014та биле регистрирани 351.051 невработен, што е за 2.553 помалку во однос на претходниот месец.