17 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА„Кажете ни нешто за себе“ – Како да одговорите на ова навидум...

„Кажете ни нешто за себе“ – Како да одговорите на ова навидум едноставно прашање?

job-interview-640x330

Изненадувачки е колку е тешко да одговорите на така едноставно прашање како што е „Кажете ни нешто за себе“, особено на интервјуто за работа.

Што точно да одговорите за да се покажете во најдобро светло и да дојдете до посакувана позиција? За среќа постои едноставна формула.

Запомнете дека тоа прашање не е повик за едночасовно објаснување на сите аспекти од вашиот живот. Тоа е всушност шанса на работодавците да им објасните зошто токму вие сте вистинската личност за таа работа. Формулата би можела да се нарече – Сегашност-Минато-Иднина.

Најпрво започнете со сегашноста, односно каде моментално професионално се наоѓате. Потоа преминете на минатото, односно на вашите претходни искуства. Притоа нагласете ги вештините и знаењето кои сте ги стекнале на претходните искуства. Завршете со иднината, односно објаснете зошто сте возбудени поради новата деловна прилика.

При одговарањето фокусирајте се на оние вештини и знаења за кои сметате дека најдобро одговараат на понудената позиција, односно оние кои ќе и одговараат на компанијата. И за крај, опуштете се и зборувајте за себе како да раскажувате приказна – работодавецот го погледнал вашето CV и всушност сака да слушне малку повеќе за вас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП