6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРазвиен во Германија, ќе се произведува во Полска, а ќе се продава...

Развиен во Германија, ќе се произведува во Полска, а ќе се продава во САД (фото)

caskada

„General Motors“ (GM) го претстави моделот „Buick Cascada“ наменет за американскиот пазар. Овој кабриолет првично е развиен како модел на „Opel“ во германски Ризелхајм, за купувачите во Европа, а наскоро под знакот на американскиот бренд ќе се продава и во САД.

„Cascada“ е уште еден во низата модели настанати во соработка на овие два бренда кои припаѓаат на „GM“. Претходно заеднички се развиени „Buick Encore“ и „Opel Mokka“, „Buick Verano“ и „Opel Astra Sedan“, како и „Buick Regal“ и „Opel Insignia“.

caskada1

„„Opel Cascada“ е развиен во нашиот Меѓународно технички развоен центар во Ризелхајм, каде повеќе од 6.000 инженери работат на моделите на „Opel“, но и на производството на другите брендови на „GM““, објаснува шефот на групацијата „Opel“, Карл-Томас Нојман и додава дека моделот со знакот на „Buick“ ќе се изработува во фабриката во Полска.

„Cascada“ воедно е и првиот кабриолет на „Buick“ во последните 25 години. Американската верзија ќе има 1.6-литарски „ECOTEC“ турбо-бензинец со директно вбризгување кој произведува 147 kW/200 ks и испорачува максимален вртежен момент од 300 Nm.

caskada2

„Buick Cascada“ ќе има премиера на саемот во Детроит, а во продажните салони ќе пристигне во првиот квартал од 2016-та.

Меѓутоа, тоа не е се кога станува збор за овој кабриолет. Австралиската марка „Holden“ исто така ќе профитира од глобалната стратегија на „GM“.

„Opel“ во 2015-та година ќе започне со извоз на неколку модели во Австралија и Нов Зеланд, под знакот на „Holden“. Покрај „Astrа GTC“, спортската „VXR“ верзија и „Insigniа“, меѓу нив ќе биде и еден кабриолет – „Holden Cascada“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП