
Кокосовото масло се смета за едно од најдобрите масла…


Кокосовото масло се смета за едно од најдобрите масла…
Тоа се користи за решавање на различни проблеми со косата, меѓу кои се првутот и иритациите на скалпот. Меѓутоа, индиските експерти докажаа дека кокосовото масло е еден од најдобрите начини за третирање на проблематичната кожа.
Акни и лузни од акни
Нанесувањето на кокосовото масло на кожата може да ја намали појавата на акни. Тие се појавуваат кога порите на кожата се преполни, а кокосовото масло, не само што ги чисти порите, туку го намалува и отокот. Лузните од акни исто така можат да се третираат со кокосовото масло. Редовното нанесување ќе ги намали.
Чешање на кожата
Кокосовото масло помага при непријатното чешање на кожата, ја хидрира и омекнува, така што лицето кое го користи нема да има сува кожа.
Осип
Осипите се честа појава, а за борбата против нив се користи кокосовото масло. Тоа ја омекнува кожата и го намалува интензитетот и последиците од осипите.