6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСо концептот Cross Coupe GTE ќе се тестира вкусот на Американците (фото)

Со концептот Cross Coupe GTE ќе се тестира вкусот на Американците (фото)

ccg

Германскиот производител на авто-саемот во Детроит ќе го изложи „Cross Coupe GTE“, уште едно во низата концептни возила со кое се најавува „SUV“ модел од средна големина, наменет за американскиот пазар.

„Volkswagen“ и натаму трага по соодветно дизајнерско решение за новиот „SUV“ кој ќе им го понуди на купувачите од северноамериканскиот континент.

ccg1

По концептот „CrossBlue“, кој исто така беше претставен во Детроит, но во 2013-та година, во претстолнината на автомобилската индустрија е прикажан „Cross Coupe GTE“.

Станува збор за кросовер возило со спортски линии, кое е поставено на универзалната „Volkswagen MQB“ платформа.

ccg2

Концептот е долг 4.846 mm, широк 2.029 mm, а висок 1.735 mm. Во кабината има место за 5 патници, но од „Volkswagen“ велат дека продукцискиот модел кој во 2016-та година ќе се произведува во фабриката во Тенеси, ќе биде седмосед.

Современите трендови и стандарди, кои им се наметнуваат на производителите да ја намалат емисијата на штетни гасови, беа причината „Cross Coupe GTE“ зa погон да користи хибридна технологија.

ccg3

Поддршка на главниот 3.6-литарски „V6“ ќе му нудат два електромотори и литиум-јонска погонска батерија од 14,1 kWh.

Вкупната комбинирана моќ на хибридниот систем достигнува 359 ks (264 kW), a максималниот вртежен момент е 379 Nm.

Концептот е во состојба од 0 дo 96 km/h (0-60 милији на час) да забрза за 6 секунди, а кога се движи само со помош не електромотор, може да премине и до 32 km.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП