На крајот на ноември, според податоците на Хрватската народна банка, вредноста на вкупните пласирани кредити изнесувала 281 милијарди куни (околу 36 милијарди евра, што е за 0,4 проценти повеќе во однос на октомври).
Во споредба со ноември 2013 година, вкупните кредити забележале пад од 2,4 проценти, што е веќе девет месец по ред, пренесуваат хрватските медиуми.
Годишниот пад на кредити искажани во куни делумно го ублажи слабеењето на курсот на куната во однос на еврото и швајцарските франци за 0,6 проценти, односно три проценти.
Повеќе од 45 проценти од вкупните кредити сочинуваат кредитите за граѓаните и тоа 126,8 ,милијарди куни (околу 16 милијарди евра) кои во ноември го продолжиле трендот на опаѓање и на месечно ниво биле помали за 0,1 проценти, а на годишно ниво за 0,7 проценти.
Годишниот раст на кредити одобрени на населението во Хрватска последен пат е забележан во јуни 2012 година.