26 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНаскоро батеријата од телефонот ќе ја полниме додека шетаме (видео)

Наскоро батеријата од телефонот ќе ја полниме додека шетаме (видео)

patika baterija

Празната батерија на мобилниот телефон е нешто со што се среќаваат бројни корисници на паметни телефони.

Но, овој проблем наскоро би можел да стане минато, благодарејќи на иноваторите од компанијата „SolePower Ensoles“ кои го патентираа полначот за мобилни телефони кој произведува енергија со обична прошетка.

Тие дизајнирале влошка која се вклопува во секоја чевла или патика, а со одење се произведува енергија која со жица се префрлува во „Power Pack“, екстерниот колектор на енергија на надворешната страна на патиката. Потоа со помош на „USB“ се поврзува со паметен телефон и ја полни батеријата.

Треба да се нагласи дека колекторот е водоотпорен и собира енергијата, а кога ќе се наполни, „LED“ сијаличка сигнализира дека батеријата е полна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП