6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајмоќната верзија на Peugeot 308 ќе се појави во оваа година (фото)

Најмоќната верзија на Peugeot 308 ќе се појави во оваа година (фото)

pezo-pezo-308

Во чест на „205 GTI“, „Peugeot 308 GTI“ е направен од моделот „GT“, но ќе има 70 коњски сили повеќе.

Славјето е во тек! Три децении од постоењето на легендата – „ Peugeot 205GTI“! Французите се многу расположени, па се одлучија за уште еден брз чекор напред. Па така во текот на годината ќе пристигне „308 GTI“!

pezo-pezo-308-1

Најпрво во Европа, а подоцна и на другите пазари, доколку има потреба за тоа. Засега не се знае многу, но најважниот податок е објавен. Овој модел ќе има точно 270 КЅ и ќе биде еден од најбрзите во класата. Точно 70 „коња“ ќе биде помоќен од постоечкиот модел „308 GT“, кој има само 200 KS.

Под хаубата, најверојатно ќе биде 1.6-литарски турбо-бензинец „THP“, кој во спортската „RCZ-R“ верзија развива исто така 270 КS. Се очекува дека топ моделот на „Peugeot“ во „C“ сегментот ќе има подобра суспензија, сопирачки, додека естетските детали ќе бидат многу препознати.

pezo-pezo-308-12

Пред се, тоа е комбинација на црвена боја со црна. Нормално, тука се „LED“ светлата, спортските седишта, новиот аеро-пакет.

Три децени од претставувањето на „205 GTI“ е некаде на половина од годината, па поради тоа се претпоставува дека „308 GTI“ ќе се појави во Женева.

pezo-pezo-308-13

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП