12 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекорден износот на финансиските резерви на Катар

Рекорден износот на финансиските резерви на Катар

qatar_gratteciels

Финансиските резерви на Катар во месец ноември достигнаа рекорд од 46,5 милијарди долари и се очекува дека ќе бидат зголемени и покрај падот на цената на нафтата, соопшти Катарската национална банка.

Според овие податоци, резервите се за седум милијарди долари поголеми во однос на истиот период во 2013 година.

Во својот месечен билтен, оваа банка, очекува нивото на резерви да достигне нов рекорд во 2015 година и економијата да продолжи да расте во наредните 12 месеци.

Се очекува дека економскиот раст во 2015 година ќе биде поттикнат од големите инфраструктурни проекти.

Динамичниот развој се очекува поради бројните проекти поврзани со одржувањето на Светското фудбалско првенство во 2022 година.

Населението на Катар, вклучувајќи ги и странците, е зголемено за повеќе од девет проценти во 2013 година и достигна 2,24 милиони жители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП