3 јули, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГлобалните казни за договарање на цените изнесуваа 5.3 милијарди долари

Глобалните казни за договарање на цените изнесуваа 5.3 милијарди долари

dolari srb

Казните кои компаниите ги добија поради местење на цените во 2014-та година достигнаа рекордни износи, затоа што агенциите за конкуренција во светот влегоа во војна со картелите кои манипулирале на пазарите со низа производи – од автоделови до колбасици, пишуваат европските медиуми.

Агенциите за конкуренција од целиот свет во 2014-та година изрекле парични казни во износ од 5.3 милијарди долари, што е за 31 процент повеќе во споредба со рекордните износи забележани во годините претходно, објави деновиве лондонскиот финансиски весник „Financial Times“.

И Франција и Германија минатата година ги изрекоа своите досега највисоки казни, при што француските власти на само еден картел му одреди казна од 1.2 милијарди долари, додека германските казнија три картели со вкупно милијарда долари.

Бразил ја изрече една од најстрогите казни од областа на заштитата од конкуренција, казна во износ од 1.6 милијарди долари. Бразилскиот суд исто така ја одреди и најдолгата затворска казна за местење на цените, и тоа на бразилски извршен директор која е прогласен за виновен за местење на цените помеѓу две авиокомпании. Одредена му е казна затвор од повеќе од 10 години и парична од 156 милиони долари.

Меѓутоа, американското министерство за правда, обично е глобален лидер според казните за кршење на законот за пазарено натпреварување, но минатата година изрече парични казни за 15 проценти помали во однос на една година претходно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП