22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусите дале богатство за спас на рубљата

Русите дале богатство за спас на рубљата

rublja-rublji-rusija-pari

Банката на Русија минатата година на девизниот пазар продала вкупно 78,92 милијарди долари и 5,65 милијарди евра, беше објавено на сајтот на Банката.

Нето продажбата на девизи на Банката на Русија минатата година достигна 76,13 милијарди долари и 5,41 милијарди евра, пренесува Интерфакс.

Во мај и јуни централната банка купила девизи – 2,79 милијарди долари и 237 милиони евра, пренесува Интерфакс.

Во декември 2014 година банката на Русија продала 11,9 милијарди. Најмногу девизни интервенции се забележани во октомври, кога се продадени 27,2 милијарди долари и 1,6 милијарди евра.

Една година претходно, 2013, нето продажбата на девизи била неколку пати помала отколку минатата година и изнесувала 24,26 милијарди долари и 2,06 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП